• четврток, 14 ноември 2024

Втора средба на Османи и Стоев во Анталија

Втора средба на Османи и Стоев во Анталија

Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) -  Модалитетите и начините за надминување на разликите кои доведоа до блокада од страна на Бугарија, за европските интеграции на Северна Македонија, беа отворени уште еднаш на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот бугарски колега Светлан Стоев, на маргините на Самитот и Анталија форумот, Турција.

Министрите ги реафирмираа заложбите за интензивна комуникација на сите нивоа, со цел надминување на разликите и овозможување на формално започнување на преговорите за членство на нашата држава во Европската унија, што претставува заедничка цел, беше истакнато на состанокот.

-Сериозно остануваме посветени на напорите за изнаоѓање на решение за застојот, кој ќе овозможи одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакна Османи по состанокот.

Како што соопшти МНР, средбата Османи-Стоев е втора, последните два дена во Анталија, меѓу кои се одржа и посета и билатерални средби на висока Владина делегација од Северна Македонија на Софија, меѓу кои беше и министерот Османи, со државниот и политички врв на Бугарија. дма/рп/

 

Остани поврзан