• недела, 22 декември 2024

Втора работилница од проектот „Oдржлив економски развој на Македонска Каменица"

Втора работилница од проектот „Oдржлив економски развој на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26 април 2023 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска се одржа втората тематска работилница во склоп на проектот „Oдржлив економски развој на Македонска Каменица". Проектот има за цел развивање на понудата за одржлив туризам и одржливо земјоделство. 

-Локалните жители имаа можност да ги споделат своите идеи и во одлична работна атмосфера да ги дискутираат можностите за развој на туризмот и земјоделието кои ги нуди околината на Македонска Каменица, информираа организаторите.
 
Во соработка со нашите експерти беа идентификувани клучни проекти кои ќе бидат во фокусот на понатамошната анализа.
 
-Целта е изнаоѓање на идејните решенија кои ќе бидат вклучени во програмата за економски развој на градот, беше потрнцирано во рамки на денешниот настан.
 
Проектот е поддржан од партнерите Фондација САСА и Општина Македонска Каменица и имплементиран од PrimePoint Partners Macedonia and Montenegro. вс/дма/
 
 
Фото: МИА

Остани поврзан