• понеделник, 25 ноември 2024

Втора победа за македонската репрезентација на СП за ракометари до 19 години

Втора победа за македонската репрезентација на СП за ракометари до 19 години

Риека, 5 август 2023 (МИА) – Македонската репрезентација се пласира во Главната фаза на Светското првеснтво за ракометари до 19 години кое се игра во Хрватска.

 

Вечерва во Риека, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ја совладаа Грузија со 27:21. Ова беше втора победа за Македонците во Ф-групата. Вчера беше совладана Црна Гора, а единствениот пораз е од Норвешка на 2 август.

 

Во Главната фаза македонските ракометни надежи за противници ќе ги имаат Данска и Австрија. Евентуални две победи за македонските ракометари ќе значат пласман во четвртфиналето. зс/

Остани поврзан