• петок, 27 септември 2024

Втора година по ред Охрид домаќин на ракометниот камп 40х20

Втора година по ред Охрид домаќин на ракометниот камп 40х20

Охрид, 4 јули 2023 (МИА) - Во Охрид, викендот почна второто издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид. Деведесет момчиња и девојки од четири земји, на возраст од 7 - 17 години, следните шетс дена ќе ги до усовршуваат своите знаење во ракометната игра, ќе се дружат и забавуваат во најубавиот град на Балканот.

 

- Од неделата во Охрид стартуваше второто издание, со зголемен број на учесници од повеќе земји. Кампот е поставен на начин, на кој повозрасните кампери работат на индивидуална надградба, за што се задолжени 12 тренери од земјата и странство, а оние помалите да се запознаат со ракометната игра и да се едуцираат за тимска работа, дисциплина и социјализација. Како ќе одминува времето интензитетот на тренинзите и на активностите ќе се засилува. Покрај тренинзите, предвидени се предавања за нашите учесници но и тренери на кампот, прошетка по Охридското езеро и Охрид и еднодневен семинар се германскиот ракометен тренер, Фалк Фрустенберг, изјави Горан Ѓоргоноски, менаџер на КМГ Спорт, организатор на ракометниот камп.

 

Новитет оваа година е вклучувањето во тимот на тренери на поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски. Како специјално изненадување, во текот на денешниот ден, беше посетата на еден од најголемите македонски ракометари и двоен европски шампион со тимот на Вардар, Стојанче Стоилов. зс/

Остани поврзан