• петок, 05 декември 2025

Вселенската патријаршија со апел до египетската Влада да го зачува статусот кво на Синајскиот манастир Света Катерина

Вселенската патријаршија со апел до египетската Влада да го зачува статусот кво на Синајскиот манастир Света Катерина

Атина, 30 мај 2025 (МИА) – Вселенската патријаршија упати апел до египетската Влада, врз основа на вчерашните изјави на претседателот на земјата, Абдел Фатах Ел Сиси, да најде соодветен начин да го зачува статусот кво на светиот манастир, кој со векови е особено почитуван и привилегиран од исламот и да го спроведе својот неодамнешен договор со манастирот, соопштија од Вселенската патријаршија за последните случувања околу Синајскиот манастир Света Катерина, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително истакнуваат дека со „болно изненадување“ ја примиле информацијата дека надлежниот суд во Египет „го довел во прашање вековниот имотен статус на историскиот манастир“, односно како што посочуваат на монасите им го признаваат само право на користење и порачуваат дека „почитувањето на вековните традиции и придржувањето кон договорите можат да му помогнат на манастирот Света Катерина да ја продолжи својата религиозна и културна мисија од Синајскиот полуостров“.

- Синајскиот манастир е почитуван со векови. Нека Египет го почитува и денес, како цивилизирана и законодавна земја, почитувајќи ја верската слобода и општо човековите права. Синајскиот манастир е скапоцено стекнато богатство за земјата на Нил, што му носи чест и симболично и суштински, на својата територија ги поврзува двете големи религии Христијанството и Исламот, соопштија од Вселенската патријаршија. ср/ми/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан