• петок, 22 ноември 2024

Врховниот суд на Јапонија пресуди дека задолжителната стерилизација при промена на полот е неуставна

Врховниот суд на Јапонија пресуди дека задолжителната стерилизација при промена на полот е неуставна

Токио, 25 октомври 2023 (МИА) - Јапонскиот Врховен суд денеска пресуди дека е неуставен законот со кој се бара од трансродовите лица да се отстранат репродуктивните органи за официјално да се одобри нивната промена на полот. 

Американските медиуми пренесуваат дека ова е првата одлука на Големиот судски совет од 15 судии на Врховниот суд што се однесува на уставноста на јапонскиот закон од 2003 година со кој се бара отстранување на репродуктивните органи од трансродовите лица со цел официјално да се признае нивната промена на полот. 

Тужбата беше поднесена од трансродова жена која беше одбиена од пониските судови и идентификувана само како жител на западна Јапонија. Таа првично поднесе тужба во 2000 година, тврдејќи дека условот за операција претставува огромен економски и физички товар и го прекршува Уставот. 

Меѓународните групи за човекови права и медицинските организации го критикуваа јапонскиот закон за трансродови лица од 2003 година како нехуман и застарен. 

Јапонија е единствената членка на Г7 која не дозволува истополови бракови. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан