• четврток, 26 март 2026

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти

Вашингтон, 30 мај 2025 (МИА) - Врховниот суд на САД во петокот ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да го поништи - засега - легалниот статус на стотици илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, покажаа судските документи во кои имаа увид американски медиуми.

Наредбата на судот е непотпишана и не се дадени никакви образложенија.
Судиите Кетањи Браун Џекон и Соња Сотомајор не се согласија, предупредувајќи на „разорните последици“ од нарушувањето на „животот и егзистенцијата на речиси половина милион недржавјани додека нивните законски барања се во тек“, според документот. зш/

Остани поврзан