• петок, 22 ноември 2024

Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет

Врховниот судија Наке Георгиев поднесе оставка од Судски Совет

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) -  Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

- Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет.

Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.

Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата на Судски совет на која што се бираат судии е во тек. ар/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан