• недела, 22 декември 2024

Врховниот изборен суд на Гватемала ги потврди резултатите од претседателските избори

Врховниот изборен суд на Гватемала ги потврди резултатите од претседателските избори

Гватемала, 9 декември 2023 (МИА) - Врховниот изборен суд на Гватемала ги потврди резултатите од претседателските избори во земјата на кои победи Бернардо Аревало. Според судот, резултатите од гласањето се официјални и не можат да се менуваат.

Ова е нов развој на ситуацијата во земјава, откако претходно обвинителството изјави дека резултатите од претседателското гласање треба да бидат поништени поради наводни нерегуларности во првиот круг.

Аревало победи на претседателските избори во август. Одлуката на обвинителот да го поништи овој резултат веднаш го навлече гневот на Организацијата на американски држави, која го опиша како обид за државен удар.

-Резултатите се валидни, официјални и не се предмет на промена, а избраните мора да ја преземат функцијата следниот јануари, во спротивно ќе дојде до нарушување на уставниот поредок, изјави Бланка Алфаро, претседател на Врховниот изборен суд.

На овој начин таа му одговори на обвинителот Леонор Моралес, кој изјави дека истрагата на обвинителството покажала дека има аномалии во подготовката на конечниот протокол од пребројувањето на гласовите и дека затоа изборите за претседател, потпретседател и заменици не беа валидни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан