• недела, 22 декември 2024

„Врисок“ заработи 34 милиони долари и е на врвот на Бокс-офисот

„Врисок“ заработи 34 милиони долари и е на врвот на Бокс-офисот
Лос Анџелес, 18 jaнуари 2022 (МИА) - Најновото продолжение на „Спајдермен“ (Spider-Man: The Road Without Return) до неодамна беше најгледаниот филм во кината низ светот, но викендов, петтиот дел на веќе култниот хорор-серијал „Врисок“ (Scream 5) го симна од престолот.

„Врисок“ заработи 34 милиони долари за време на викендов и веднаш се најде на врвот на Бокс-офисот. Многумина беа заинтригирани од враќањето на веќе познатите имиња и во петтиот филм, кои ги повторуваат улогите од претходните делови - Нев Кембел, Кортни Кокс и Дејвид Аркет и - Марли Шелтон, која првпат ја видовме во „Врисок 4“. Нови лица во приказната се ликовите на Џена Ортега, Мелиса Барера и Џек Квејд. Режисери на филмот се Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Вес Крејвен ги режираше првите четири дела, но тој почина во 2015 година на 76-годишна возраст. си/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан