Времето облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
- Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат попладне и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, информираат од УХМР.

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Времето денеска облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат попладне и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 17 степени.
- Утре и во четврток ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево. Во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР. ир/цр
Фото: МИА архива