Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен североисточен ветер.

Скопје, 15 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Во среда ќе има појава на умерена облачост. Во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.