• петок, 22 ноември 2024

Времена измена на сообраќајниот режим на патот Градско - Прилеп, почнуваат градежни активности

Времена измена на сообраќајниот режим на патот Градско - Прилеп, почнуваат градежни активности
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Од „Стентон градба ДОО” информираат за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на реката Раец кон Плетвар заради отпочнување градежни активности во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патниот правец А2 Свети Николе - Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. цр/хс/

Остани поврзан