• недела, 22 декември 2024

ВРЕДИ: Фронтот на Ахмети и Села е без компас

ВРЕДИ: Фронтот на Ахмети и Села е без компас

Скопје, 4 ноември 2024 

Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен кадровски и програмски ремонт пред воопшто да почнат да се обидуваат да ја бараат довербата кај Албанците.

Меѓутоа, тие наивно потценувајќи ја интелигенцијата на народот, упорно сакаат демократската околност што не се дел и од оваа Влада да го претворат во причина за меѓуетнички тензии. Тоа што оваа
подмолно сценарио не им поминува кај Албанците, кои јасно им ставаат до знаење дека нема да станат алатка за заштита на нивните поранешни корумпирани функционери, ги прави Ахмети и Села фрустрирани, збунети и без компас.

Цело лето најавуваа есенски протести, па се префрлија на средби со нивното разочарано членство, пишуваат патетични писма и ги тераат пратениците да бидат подвижни паноа. Коалицијата ВРЕДИ ја потсетува дезориентираната Албанска опозиција дека и должи на јавноста одговори на многу чувствителни прашања кои се останати во нивната меморија како заштитен знак на нивниот режим и
потсетници за нивното сегашно лицемерие и дволичност.

Зошто „западњаците“ од ДУИ му се поклонија на Лавров среде Скопје? Зошто додека беа власт му дадоа државјанство на Александар Онишченко, додека илјадници Албанци родени во Македонија ги оставија без државјанство?

Зошто му дадоа бизниси во Тетово на Дака Давидовиќ, кој е на црна листа на САД?

Зошто Ахмети не пишуваше писма за одбрана на Албанците кога беше дел од Владата на Груевски и Мијалков? Зошто Ахмети одлучи да го спречи Арбен Таравари да влезе во вториот круг на претседателските избори и ги повика гласачите на бојкот на гласањето за Претседател на 8 мај? Зошто Ахмети лажно тврдеше дека е сигурен коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, затоа што наводно ја има поддршката на стратешките меѓународни партнери? Кој е креатор на срамната понуда на ДУИ, изречена во собраниската канцеларија број 161 за влез во Влада наместо ВРЕДИ, со четири министерства, без Претседател на Собрание и ветување за теренска поддршка за да се изберат Македонци за градоначалници во Струга и Кичево на локалните избори во 2025?

Зошто Ахмети преку своите инсталации во правосудниот систем се обидува да ја дестабилизира земјата преку одлуки за задржување на воинот на УЧК Блерим Рамадани во притвор, укинување на балансерот, Законот за бранители и проблематизирање на употребата на Албанскиот јазик?

Како и со чии милиони евра Дрин Ахмети стана сопственик на Соравија? Колку тендери внуците на Ахмети имаат добиено благодарение на режимот на ДУИ? Каде се милионите од казино бизнисите на Артан и Прпарим? Колку народни пари се завршени во џебовите на функционери на ДУИ?

Зошто Ахмети и Османи активно работат против полноправното членство во ЕУ со спречување да се случат уставни измени? Се додека нема одговори на овие и многу други прашања, фронтот на Ахмети
и Села нема што да бара од Албанците.

Коалицијата ВРЕДИ е надежта на Албанците!

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Остани поврзан