• вторник, 16 декември 2025

ВРЕДИ: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ВРЕДИ: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

Скопје, 16 декември 2025 

ВРЕДИ затвора еднаш засекогаш едно од најголемите поглавја на политичката измама против Албанците: прашањето за правична и соодветна застапеност. Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека она што две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, денес станува законски, мерлив и применлив стандард, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално. 

За прв пат, правичната застапеност не останува заложник на политичката волја на владите, партиските пазарења или изборните манипулации, туку е регулирана со јасен, обврзувачки и надгледлив закон. Со овој закон, ВРЕДИ ја затвора клучната алка на Охридскиот Договор.

Фактите се неоспорни: Венецијанската комисија, највисокиот европски орган за уставни и правни прашања, исто така даде позитивно мислење за истиот закон. Ова дефинитивно ја побива пропагандата на ДУИ, која со години зборуваше за застапеност, но никогаш немаше храброст, волја и политичка чесност да ја регулира со закон.

ВРЕДИ го направи она што другите само го ветуваа. Денес, правичната и соодветната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира вистинска еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на припадноста и без партиски посредници.

Се очекува законот наскоро да влезе во собраниска процедура, а ВРЕДИ ги повикува сите пратеници, без исклучок, да се вратат на разумот, одговорноста и јавниот интерес. Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан