• четврток, 26 март 2026

Вреди: Земјоделството во пораст благодарение на ВЛЕН, јавен повик за субвенции за трактори

Вреди: Земјоделството во пораст благодарение на ВЛЕН, јавен повик за субвенции за трактори

Скопје, 8 јуни 2025 

ВЛЕН со силна посветеност продолжува со својот непоколеблив став: Земјоделството и земјоделците се основа на економскиот развој и одржливост на земјата! Во време кога со години овој сектор беше запоставен и користен само за политички маркетинг, ние го направивме земјоделството вистински приоритет. Со конкретни политики, достапни средства и директна поддршка, ВЛЕН е вистинскиот глас на земјоделците во институциите.

Денес, со објавувањето на Јавниот повик бр. 04/2025, правиме уште еден чекор напред во модернизацијата на земјоделскиот сектор преку директна поддршка за набавка на нови трактори. Овој повик е дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, а има за цел зајакнување на нашите фарми преку модерна механизација, бидејќи нема силно земјоделство без силна опрема!

Главни детали за мерката 121.8, Набавка на трактори: Поддршка до 600.000 денари за секој апликант; Плаќањето се врши врз основа на бизнис планот и на годишна основа; Повикот важи исклучиво за набавка на трактори; Сите фарми регистрирани во Единствениот регистар на фарми при Министерството за земјоделство имаат право да аплицираат; Апликантите кои добиле субвенции за трактори во текот на последните 10 години преку ИПАРД или национални програми се исклучени.

Рокот за поднесување на апликации е: 07.07.2025 година!

ВЛЕН цврсто стои зад нашите земјоделци затоа што знаеме дека без нив нема храна, нема економија, нема живот! Ова е само една од конкретните мерки што навистина го трансформираат нашето земјоделство во приказна за успех.

ВЛЕН, земјоделството не е пропаганда, туку национален приоритет!

Вреди

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан