• недела, 22 декември 2024

ВРЕДИ: Демант на лагите на Блерим Беџети и неговиот следбеник Весели

ВРЕДИ: Демант на лагите на Блерим Беџети и неговиот следбеник Весели

Скопје, 12 ноември 2024

Очигледно Блерим Беџети не се акомодира во фотелјата на Собранието и повторно се занимава со локалната власт која ја остави во мизерна состојба. Без трошка срам, наследникот на Беџети, вршител на должноста во Општина Сарај, Илас Весели, под раководство на, јавно излажа без да поцрвене. И овие сами можат да веруваат во нивните лаги, но ние како
ВЛЕН нема да дозволиме граѓаните да станат плен на нивните секојдневни манипулации на кои им нема крај. Но, неуспех по неуспех, дури и овој обид за манипулирање со јавноста пропадна.

ВЛЕН ги демантира актуелниот во општина Сарај, Илас Весели и неговиот диригент Блерим  Беџети за објавената лага дека ќе се намали бројот на советници во општина Сарај, па според нив општина Сарај во моментов има 23 советници и следните измени ќе имаат 19 советници. Ова е невистина и целосна лага.

Тоа го демантираме преку следните факти: Општина Сарај имаше 19 советници и со последната одлука на владата повторно ќе има 19 советници.

Така, имињата на актуелните советници во Општина Сарај се фигурираат и на официјалната страница на општината, можете да ги видите и проверите.

Има 19 советници со име и презиме, па не знаеме каде се денес тие четворица колеги советници на Весел. Затоа, ВЛЕН бара Блерим  Беџетеи заедно со неговиот наследник да сведочат и да ги изнесат имињата на 23-те наводни советници.

Појаснуваме дека нивните лични советници не можат да се додадат на листата на општински советници.

Потсетуваме, пописот на населението се случи во времето кога ДУИ беше на власт, затоа немаат право да се жалат на евентуалните последици од пописот, бидејќи кога требаше да се зборува избраа да молчат.  Tие молчеа за се, дури и за селото Герчец, каде според официјалните бројки на Државен Завод за Статистика фигурираат само 38 жители резиденти!

Организирањето на пописот на населението во 2021 година и воведувањето на две непостоечки категории во главниот фокус на тој попис беше класичната и дискриминаторска поделба на граѓаните на жители и нерезиденти, ваквото дејствување им нанесе штета на сите граѓани на оваа држава, особено Албанците. А оваа штета дозволи да се случи денешната
опозициска партија која сега сака да ги заштити Албанците од штетата на нивните одлуки.

Со актуелната власт се отвора перспектива и надеж за достоинствен живот каков што доликува и каков што заслужуваат сите граѓани на оваа држава кои придонесуваат за нормално функционирање на државата. ВЛЕН во владата ќе даде најдобар можен пример дека секој граѓанин вреди без разлика каде живее и делува.

ВЛЕН ги штити граѓаните од секојдневните лаги на ДУИ!

 

Прес - конференција на пратеничката на ВРЕДИ, Саранда Имери

Коалиција ВРЕДИ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан