• недела, 22 декември 2024

Враќање на годината: Бејл настапи за Тотенхем по 2.709 дена

Враќање на годината: Бејл настапи за Тотенхем по 2.709 дена
Лондон, 18 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Тотенхем, Герет Бејл влезе како замена во 5. коло на Премиер лигата против Вест Хем (3:3). Триесет и едногодишниот Велшанец го замени Стивен Бергвајн во 72. минута. За него ова е прв натпревар по враќањето во клубот. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, по што се пресели во Реал Мадрид за рекордни во тоа време 100 милиони евра. Ова лето фудбалерот се врати во лондонскиот клуб на позајмица. Поминаа точно 2.709 дена помеѓу претходниот и денешниот натпревар на Бејл во дресот на Тотенхем. зс/

Остани поврзан