Врачување на наградата „Роман на годината“
- Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година.
Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Во Музејот на современата уметност во Скопје вечер ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година.
Лауреат на наградата е романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ, а во издание на „Арс Ламина“.
Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе биде врачена по 24. пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (авторство на скулпторот Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 денари.
На врачувањето на нагрдата ќе настапи и џез бендот на Гоце Стефковски.фф/лв/
Фото: Фондација „Славко Јаневски“