• четврток, 04 декември 2025

Врачени уверенијата на новиот градоначалник и советниците на Општина Дебар, извршено припомопредавање на градоначалничката функција

Врачени уверенијата на новиот градоначалник и советниците на Општина Дебар, извршено припомопредавање на градоначалничката функција

Дебар, 7 ноември 2025 (МИА) - На пригодна свеченост во салата на Советот на Општина Дебар, беа врачени уверенијата на новиот градоначалник, Фисник Меља и на кандидатите за членови на советот кои добија мандати на последните локални избори.

Претседателот на Општиската изборна комисија, Рилинд Хаса, на почетокот упати честитки до сите учесници на изборите кои како што рече „придонесоа да се одржат локалните избори во демократска атмосфера, како што ни доликува нам во Дебар“.

Тој и официјално го соопшти новиот состав на општината, кој брои 15 члена, во кој пет советнички места има коалицијата ВРЕДИ, четири Националната алијанса за интеграција (НАИ), три независната листа, две од ВМРО-ДПМНЕ и едно советничко место СДСМ.

-Денеска исто така, со овој акт официјално му се врачува уверението и на новоизбраниот градоначалник на општина Дебар, Фисник Меља, означувајќи почеток на ново поглавје за нашиот град и општина. Честитајќи ви ја новата функција, која граѓаните ви ја доверија наша желба е вашата работа да биде водена од одговорност, соработка и поддршка за доброто на граѓаните, посака Хаса.

По врачувањето на уверенијата, кусо се обратија новиот градоначалник, Меља и досегашниот Хекуран Дука.

-Багодарам за довербата и ветувам дека ќе продолжиме со максимална ангажираност и реализација на проекти за доброто на сите граѓани, општината и регионот. За тоа не очекува многу работа, рече Меља.

Досегашниот градоначалник Дука, им го честиташе изборот и порача секогаш при донесувањето на одлуките да се предводат од интересот и доброто на граѓаните.

Веднаш потоа во градоначалничкиот кабинет Дука и Меља имаа средба со што и официјално беше извршено примопредавањето на функцијата. вт/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан