• недела, 22 декември 2024

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

На настанот им беа  врачени награди на годинашниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

На фестивалот настапија странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Утре е последниот фестивалски ден, кој ќе биде одбележан со „Поезија на пат“, поетско читање во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а фестивалот официјално ќе заврши со Меѓународен поетски митинг на платотот пред Музејот на современа уметност во Скопје.сс/лв/

фото:Принт скрин

Остани поврзан