• понеделник, 23 декември 2024

Вработен во Старбакс во Сан Диего добил „интернет-бакшиш“ од речиси 100.000 долари

Вработен во Старбакс во Сан Диего добил „интернет-бакшиш“ од  речиси 100.000 долари
Сан Диего, 1 јули 2020 (МИА) - Вработен во кафетеријата Старбакс во Сан Диего, Калифорнија, одбил да услужи жена која не сакала да носи заштитна маска. Истиот потоа, откако видеоснимката од тој настан се рашири на Фејсбук, доби речиси 100.000 долари „бакшиш" собран од поддржувачите на херојот од секојдневието. Ленин Гутјерес (24) бил на смена кога во кафулето влегла жената без маска. Ја прашал - дали има маска за лице, по што таа веднаш го нападнала, а притоа и го снимила сето тоа. Но, откако незадоволната гостинка го постирала видеото на Фејсбук, добила реакции што сигурно не ги очекувала... Како што јави телевизијата Ен-би-си, жената добивала и смртни закани од непознати луѓе. Како резултат на тоа, набргу се појавила и страница на „Гоу-фанд-ми“ за донации и помош на Ленин Гутјерес, со видеото на неа. До денеска се собрани над 98.700 долари. Во описот е наведено дека 100 отсто од паричните средства ќе одат на сметка на Гутјерес. Се дознава дека негов сон било да стане професионален танчар. си/сд/

Остани поврзан