• недела, 22 декември 2024

Вработени поднеле кривична пријава против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Вработени поднеле кривична пријава против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Скопје, 9 јули 2023 (МИА) - Вработени во Управниот суд во Скопје поднесоа кривична пријава против првиот човек на овој суд Бурим Сејдини поради сомнение за злоупотреба на службената должност, објави Алсат. 

Кривичната пријава, како што е објавено, е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем. Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес.

Пријавата, како што објавува Алсат, содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи. ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан