• среда, 25 март 2026

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Од 10:00 до 11:30 часот денеска се одржа протест на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје. Вработените од ова јавно претпријатие бараат исплата на септемвриска плата, исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. 

Протест, како што информира Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ - Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.

- Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно, изјави за МИА Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ - Скопје. мд/вј/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан