• четврток, 19 март 2026

Вработените во неколку железнички компании во Италија од вечер стапуваат во штрајк

Вработените во неколку железнички компании во Италија од вечер стапуваат во штрајк

Рим, 27 февруари 2026 (МИА) - Вработените во неколку италијански железнички компании вечер во 21 часот ќе стапат во 24-часовен штрајк.

Вработените во железничките компании бараат подобри услови за работа, подобра безбедност и повисоки плати, објавува италијанската новинска агенција АНСА.

Во штрајк ќе стапат вработените во компаниите Феровие дело Стато, Итало, Тренорд и други локални железнички оператори, а во текот на штрајкот, брзите и возовите на долги релации ќе имаат загарантирани поаѓања, а списокот на поаѓања е наведен на веб-страниците на овие компании.

Вработените во железничките компании здружени во CUB Trasporti/SGB исто така ќе штрајкуваат 24 часа, додека протестот организиран од USB Lavoro Privato ќе трае осум часа, од петок во 22 часот до сабота во 5:59 часот наутро.

Синдикатите, вклучувајќи ги CUB Trasporti и SGB, посочуваат на проблеми како што се долгото работно време, лошите услови за работа, недоволното вработување и несоодветен договор и бараат подобра заштита на работниците и поправичен колективен договор. рп/сд/

Фото: АНСА

 

Остани поврзан