Во 2023 година, 974 мигранти загинале на централно-медитеранската рута
- Во 2023 година, 974 мигранти загинале на централно-медитеранската рута, додека 1.372 биле пријавени за исчезнати, соопшти Светската организација за миграција.

Рим, 9 јануари 2023 (МИА) - Во 2023 година, 974 мигранти загинале на централно-медитеранската рута, додека 1.372 биле пријавени за исчезнати, соопшти Светската организација за миграција.
Ова е значително зголемување и кај двата показатели, кои во 2022 година биле 529, односно 848 лица, а во 2021 година 662 и 891 лице.
Вкупно 17.025 мигранти беа пресретнати во 2023 година од либиската крајбрежна стража и вратени во Либија од каде што заминаа, споредено со 32.425 во 2021 година и 24.684 во 2022 година. паг/
Фото: МИА архива