• четврток, 14 ноември 2024

Во 15 часот истекува рокот за доставување понуди за тендерот за нов универзален снабдувач

Во 15 часот истекува рокот за доставување понуди за тендерот за нов универзален снабдувач

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Во 15 часот денеска истекува рокот до кога треба да се достават понудите за тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија, информираат за МИА од Министерството за економија.

Комисијата за евалуација потоа треба да ги отвори понудите, да види дали ги исполнуваат условите и да одлучи што понатаму. 

На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Поради тоа, Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година, да ги снабдува со струја потрошувачите на регулираниот пазар. Предвидено е изборот да се изврши преку електронска аукција на која услов е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“. мч/вј/

фото: МИА архива

Остани поврзан