Во Ќустендил ќе се одржи 21-вото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сребрна пафта“
- Фестивалот, кој традиционално собира ритми, бои и традиции од различни делови на светот, и оваа година ќе ги обедини на една сцена. На овогодишното издание ќе учествуваат танцови групи од осум земји: Парагвај, Ерменија, Узбекистан, Кина, Словачка, Република Србија, Република Северна Македонија и Бугарија.
Ќустендил, 23 јули 2025 (МИА/БТА) - Од 24 до 26 јули во Ќустендил ќе се одржи 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сребрна пафта“, празник на културното богатство и танцовата уметност од целиот свет, соопштија организаторите од читалиштето „Пауталија 2008“.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Фестивалот, кој традиционално собира ритми, бои и традиции од различни делови на светот, и оваа година ќе ги обедини на една сцена. На овогодишното издание ќе учествуваат танцови групи од осум земји: Парагвај, Ерменија, Узбекистан, Кина, Словачка, Република Србија, Република Северна Македонија и Бугарија.
Сребрна пафта“ има богата историја исполнета со шарени дефилеа, меѓународни настапи и културни средби, кои го трансформираат Ќустендил во вистинска сцена на светскиот фолклор.
Според традицијата, фестивалот започнува со дефиле на учесниците низ центарот на градот.Фестивалот беше инициран во 2004 година од Валентин Кенов, претседател на читалиштето „Пауталија 2008“ и кореограф на ансамблот „Пауталија“. Неговата цел е да го промовира фолклорот, да создава пријателства меѓу народите и да го презентира културното богатство на различни земји.
На минатогодишното 20-то јубилејно издание учествуваа групи од Молдавија, Боливија, Романија, Србија, Украина, Полска, Казахстан и Бугарија.Во изминатите години, во Ќустендил гостувале ансамбли од Мексико, Индонезија, Ерменија, Мароко, Филипините, Бразил, Чиле и други земји. Фестивалот нема натпреварувачки карактер, туку неговата идеја е да ги зближува луѓето преку музика, танци и традиции.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.