• недела, 22 декември 2024

Во јуни во САД најголем буџетски дефицит во историјата

Во јуни во САД најголем буџетски дефицит во историјата
Вашингтон, 13 јули 2020 (МИА) - Владата на САД во јуни регистрира најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антикорона-програми се зголемија, а приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места. Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 илјади милијарди што е исто така рекорд за ваков период. Со тие податоци, конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 илјади милијарди долари. Таа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 илјади милијарди долари поради Светската економска криза. зш/

Остани поврзан