• сабота, 23 ноември 2024

Во јули, елитен женски тенис во Скопје, ќе се игра купот „Били Џин Кинг“

Во јули, елитен женски тенис во Скопје, ќе се игра купот „Били Џин Кинг“
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - По двата турнири во машка конкуренција, тениското лето во Скопје ќе се заокружи со одржување на купот „Били Џин Кинг“ во женска конкуренција. Туринирот започнува на 5 јули, а ќе биде одржан на терените на тенискиот клуб Југ во Градскиот парк. Купот „Billie Jean King“ (поранешен Фед Куп) во Групата 3 од Евроафриканската зона ќе започне на 5 јули и ќе трае до 9 јули. Земјата победник на овој куп ќе добие шанса да биде промовирана во Група 2 од Евроафриканската зона. На турнирот ќе земе учество и најдобрата македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, како и Магдалена Стоилковска, Александра Симева, Ива Данева и Катарина Маринковиќ. Покрај нашите тенисерки, на купот ќе земат учество и повеќе тенисерки од различни земји во светот, како Португалија, Албанија, Ирска, Конго, Јужна Африка и други. Овој куп има богата историја во женскиот тенис и важи за елитен турнир во женска конкуренција. Тој е именуван по познатата тенисерка Били Џин Кинг, поранешна бр. 1 на светската ВТА листа. Купот Били Џин Кинг е најголемото сезонско женско меѓународно екипно спортско натпреварување според бројот на нации што се натпреваруваат. зс/

Остани поврзан