• петок, 22 ноември 2024

Во јужен Либан убиен војник

Во јужен Либан убиен војник

Бејрут, 30 септември 2024 (МИА) – Еден либански војник е убиен од израелски дрон, соопшти денеска армијата на Либан на Х.

Армијата соопшти дека израелскиот напад бил насочен кон мотоциклот на кој тој се возел додека минувал низ армиски контролен пункт во јужен Либан во близина на границата.

- Војник загина кога дрон кој му припаѓа на израелскиот непријател гаѓаше мотоцикл додека минуваше низ … контролен пункт на либанската армија во областа Вазани близу израелската граница, се вели во објавата на Х.

Ова е прва потврда за убиен либански војник откако Израел почна да го напаѓа Либан минатата недела. јт/

Остани поврзан