• недела, 22 декември 2024

Во Јордан сменети двајца министри поради вечера во ресторан со повеќе лица

Во Јордан сменети двајца министри поради вечера во ресторан со повеќе лица
Аман, 28 февруари 2021 (МИА) - Јорданските министри за внатрешни работи и за правда денеска се отпуштени поради кршење на здравствените прописи кои спречуваат ширење на коронавирусот. „Премиерот Бишер ал-Хасавне побара да си поднесат оставка, што веднаш го поддржа кралот Абдула Втори, се вели во соопштението од кралската палата. Како што објави „Гардијан“, тие се обвинети за кршење на законот за вонредни ситуации, донесен за борба против Ковид-19. Јорданската веб-страница „Амон“ објави дека министерот за внатрешни работи Самир Мобаиден и министерот за правда Басам Талхуни присуствувале на вечера во ресторан во Аман каде се собрале девет лица, а законот дозволува да се соберат најмногу шест лица. паг/

Остани поврзан