Во јануари издадени 317 одобренија за градба, повеќето на физички лица
- Од вкупно 317 објекти, на 178 (56.2. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 772 690 илјади денари,
што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8 %)
за објекти од нискоградба и 93 (29.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 178 (56.2. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43.8 %) објекти
инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60 471 м2.са/
Фото: МИА