• четврток, 16 мај 2024

Во Штип се одржа седница на Советот за превенција

Во Штип се одржа седница на Советот за превенција
Штип, 14 ноември 2022 (МИА) - Новиот мост на реката Брегалница и централното градско подрачје се црни точки на територија на Штип, на кои треба да се превенира во иднина за да се намалат сообраќајните незгоди и бројот на жртви За таа цел, денеска во Општина Штип се одржа седница за превенција на кој главна тема на дискусија беа превенциите со полицијата за побезбеден град. - Дадовме низа на идеи и предлози за решавање и зголемување на безбедноста на одредени критични точки во градот, изјави градоначалникот Иван Јорданов. Во наредниот период се очекува да почне со работа и општински совет којшто ќе се користи за зголемување на безбедноста во градот. Јорданов истакна дека ќе се работи на намалување на девијантните појави во градот, ќе се реагира на големиот број кражби, а ќе се зголеми и бројот на полициски службеници на терен. - Се поднесе иницијатива за општински совет за безбедност во сообраќајот, кој верувам дека во наредните денови и месеци ќе биде формиран и ќе започне со своето делување. Се разговараше и за други актуелни состојби, пред сѐ состојбата со честите кражби, со она што последователно се случува на територија на Општина Штип, за тоа како се преземаат мерки и чекори во однос на ова, за да се намалат овие девијантни појави, вели Јорданов. Од СВР Штип на денешната седница истакнаа дека во моментот се задоволни од безбедноста во градот. Според нивниот извештај, намален е бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици. Во последниот период регистрирана е една таква сообраќајна незгода со две починати лица, но надвор од централното градско подрачје. вдј/фф/

Остани поврзан