• петок, 22 ноември 2024

Во Штип прв академски час „Бруцошка на УГД“

Во Штип прв академски час „Бруцошка на УГД“

Штип, 2 октомври 2023 (МИА) - Почна академската 2023-2024 година за 1.500 бруцоши на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Со свеченост „Бруцошка на УГД“ студентите запишани во прва година на 12 факултети и трите академии го имаа првиот академски час.

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски во својот свечен говор истакна дека е задоволен од бројот на запишани студенти и веќе четири години наназад во континуитет ја имаат оваа бројка на запишани студенти.

- Продолжуваме со поддршката на студентите, односно воведовме ослободување од партипација на талентираните студенти, на студенти од ранливи категории и за првпат целосно ослободување од партиципација на идните филолози-македонисти, како еден вид поддршка за зачувување на македонскиот јазик. Дополнително, имаме многу нови студиски програми, посебно студиски програми на англиски јазик кои веќе будат интерес и полека привлекуваат студенти, вели  Мираковски.

Ирена Жежова од Студентска организација на новите студенти им порача да бидат дел од вонаставните активности, кои им ги нуди УГД-Штип.

 -Преку промоција на неформалното образование и практичната настава ние се трудиме да овозможиме на студентите да обезбедиме нешто што не се среќава преку класичното предавање, како, на пример, штандови за мерење крвен притисок и шеќер, да го вежбаме сето тоа и да им помогнеме и на граѓаните, рече  Жежова.

Дино Карпичаров, кој како најдобар студент, сега е асистент на Факултетот за медицински науки, вели дека на овој факултет се нуди современо студирање.

 -Сум горд што сум дел од УГД, бидејќи нуди современи студиски програми, преку кои ги подготвува своите студенти да станат високо квалификувани кадри, коишто на пазарот на трудот нема само да понудат теоретско знаење, туку и врвни практични вештини и во контекст на тоа би кажал дека доказ за тоа се нашите домашни студенти, но и странските студенти кои добиваат меѓународно признати дипломи, односно дипломи коишто без никаков проблем ги нострифицираат во државите од коишто потекнуваат, рече Карпичаров.

Осввен македонски, расте бројот и на студенти од странство. Годинава на Универзитетот „Гоце Делчев“ запишани се  200 странски бруцоши. Најголем дел се од Турција. вдј /цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан