Во Штип почна Интернационален студентски конгрес на медицина
- Студентите на Факултетот за медицински науки од денеска се домаќини на четвртиот Интернационален студентски конгрес на медицина во Мултимедијалниот центар на Универзитетот ,,Гоце Делчев" (УГД)- Штип.
Штип, 15 мај 2025 (МИА) - Студентите на Факултетот за медицински науки од денеска се домаќини на четвртиот Интернационален студентски конгрес на медицина во Мултимедијалниот центар на Универзитетот ,,Гоце Делчев" (УГД)- Штип.
Конгресот почна доцна попладнево и ќе трае до сабота.
Продеканката на Факултетот за медицински науки, Марија Дарковска Серафимовска рече дека за прв пат конгресот има интернационален карактер, со учество на гости предавачи од Србија, Словачка, како и студенти од Португалија, Бугарија, Србија и регионот.
Во рамки на конгресот ќе се одржат бројни предавања и работилници на повеќе теми од медицинската практика, а студентите ќе имаат воедно можност да учествуваат во нив. Oвој настан го потврдува фактот дека Штип е образовен центар, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, кој како што вели му е посебно драго што има вакви соработки.

Студентите на конгресот изразија голема благодарност до Факултетот за медицински наука за овој настан, кој што е од особена важност за нив. Инаку целта на ваквиот настан е студентите да имаат можност да се запознаат со најновите трендови во медиината, да воспостават мегународни контакти и да се подготват за идните предизвици во здравствениот сектор. вдј/aa/
Фото: МИА