• понеделник, 23 декември 2024

Во штипско Ново Село почна автентичното поплочување на улицата „Крсте Мисирков“

Во штипско Ново Село почна автентичното поплочување на улицата „Крсте Мисирков“

Штип, 27 јули 2023 (МИА) - Во историската  населба Ново Село во Штип почна поплочување со камени плочи на главната улица „Крсте Мисирков“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој денеска беше на увид во градежните работи, каде што почна да се вади старат коцка, истакна дека ова е најавуван проект, а се реализира со средства преку Бирото за рамномерен регионален развој.

- Поплочувањето со камени плочи ќе биде со автентичен изглед. Вкупната инвестиција е од 6,5 милиони денари преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и Бирото за регионален развој. Станува збор за проект, којшто во изминатата година го аплициравме, а оваа година започнуваме да го реализираме, вели Јорданов.

Посочи дека согласно тендерската постапка рокот за реализација е четири месеци, но по завршувањето на главната улица, предвидено е и поплочување и на краците од оваа улица, со што историското штипско Ново Село ќе добие еден автентичен изглед.

Јорданов најави дека во комуникација е со градоначалниците на  бугарските општини Сандански и Гоце Делчев преку Програмата за Меѓугранична соработка од фондовите на ЕУ да се обезбедат средства и за заеднички проекти, а во кои Општина Штип ќе реализира реконструкција на дел од старите куќи во оваа населба, потоа бањата Кежовица и изворите Л џи. вдј /цр

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан