Во штипската болница во тешка состојба било примено деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болети во Скопје
- Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

Штип, 16 јануари 2025 (МИА) – Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.
- Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.
Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе. вдј/са/
Фото: МИА