• понеделник, 25 ноември 2024

Во Црна Гора моментално има околу 39.000 гости

Во Црна Гора моментално има околу 39.000 гости
Подгорица, 5 јуни 2022 (МИА) - Во Црна Гора во моментов престојуваат 39 илјади гости, 74 отсто повеќе од лани, изјави министерот за економски развој и туризам, Горан Ѓуровиќ и додаде дека според досегашните податоци се очекува успешна сезона.

Ѓуровиќ за „Медиабиро“ изјави дека по фантастичната претсезона, сезоната започнала одлично, а доказ за тоа се и податоците на туристичките организации. „Велат дека имаме околу 39 илјади гости, што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани, а три отсто повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година. Добредојдовте во Црна Гора, ве очекуваме“, порача Ѓуровиќ. Тој рече дека очекуваат гости од целиот свет. „Очекуваме гости од Запад, од скандинавските земји, од регионот. Бев во Србија и поканив гости. Во четврток одам во Босна и Херцеговина (БиХ) и истото ќе им го кажам. На сите од регионот им порачувам - Добредојдовте во Црна Гора“, рече Ѓуровиќ. паг/  

Остани поврзан