• петок, 22 ноември 2024

Во Центар Жупа за гласање прифатени 57 барања од болни и изнемоштени лица

Во Центар Жупа за гласање прифатени 57 барања од болни и изнемоштени лица
Дебар, 12 април 2022 (МИА) - Во Oпштина Центар Жупа во сабота своето право на глас треба да го остварат 57 болни и изнемоштени лица, од пријавените 61. - До предвидениот рок, до комисијата беа доставени 61 барање, но по разгледувањето четири од нив не беа прифатени, бидејќи лицата не беа во единствениот избрачки список. Тоа значи дека ден пред неделниот изборен ден ќе гласаат 57 болни и изнемоштени лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија во Центар Жупа. Споредено со изборите на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои се пријавиле е за 43, додека на оние кои ќе гласаат е за 40 лица повеќе. - Во недела кога се гласа за градоначалник, правото на глас треба да го остварат 7.077 лица, што е за 240 гласачи помалку споредено со локалните избори од октомври минатата година, додаде Илјаз. Во оваа општина се повторува гласањето за градоначалник бидејќи не беше обезбеден потребниот цензус на излезност од 1/3 од вкупно, тогаш, запишаните 7 317 гласачи. Инаку, и тогаш сега во трката за градоначалничката функција се Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците, кој е под број еден и Аријан Ибраим од Турската демократска партија, кој е под број два во гласачкото ливче а довербата на граѓаните ја бара по третпат.вт/фф/

Остани поврзан