• среда, 15 мај 2024

Во Хрватска пристигнаа првите вакцини на Модерна

Во Хрватска пристигнаа првите вакцини на Модерна
Загреб, 12 јануари 2021 (МИА) - Во Хрватска денеска пристигнаа првите 3.600 дози вакцини од американската фармацевтска компанија „Модерна“, објави на Твитер портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ. „Целокупната прва транша ќе биде испратена за вакцинирање на луѓето против Ковид-19 во Сисачко-мославичката жупанија“, напиша владиниот портпарол во твитот во кој објави фотографии од првите дози на вакцината на „Модерна“ што пристигнаа во Хрватска. паг/

Остани поврзан