• среда, 24 јули 2024

Во Хрватска минатата година регистрирана негативна стапка на природен прираст

Во Хрватска минатата година регистрирана негативна стапка на природен прираст

Загреб, 24 јули 2024 (МИА) – Во Хрватска во 2023 година бројот на живородени деца е намален за 5,1 отсто во однос на претходната година, а стапката на природниот прираст била негативна и изнесувала минус пет проценти (19.105 луѓе), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Негативен природен тренд покажува и виталниот индекс (живородени на 100 умрени) кој изнесуваше 62,7. Во сите окрузи природниот прираст е негативен, а највисок е во Приморско-горската жупанија (минус 2.092 лица).

Според ДЗС, позитивен природен прираст имале 43 града/општини, а негативен природен раст имале 508 градови/општини и градот Загреб, додека четири општини имале нула природен прираст.

Во 2023 година во однос на претходната година бројот на живородени деца е намален за 5,1 отсто односно се родиле 1.713 деца помалку од 2022 година.

Вкупниот број на родени во 2023 година изнесува 32.325 деца, од кои 32.170 живородени, а 155 мртвородени. Од 32.170 живородени, 16.355 или 50,8 отсто биле машки деца, а 15.815 или 49,2 проценти женски деца.

Стапката на наталитет (живородени на 1.000 жители) во 2023 година изнесува 8,3 отсто.

Минатата година бројот на починати е намален во однос на 2022 година – починале 5.704 лица или за 10 отсто помалку од претходната година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан