• понеделник, 23 декември 2024

Во Хонг Конг почна судењето на демократскиот активист Џими Лаи поради кршење на контроверзниот закон за безбедност

Во Хонг Конг почна судењето на демократскиот активист Џими Лаи поради кршење на контроверзниот закон за безбедност

Хонг Конг, 18 декември 2023 (МИА) - Утрово во Хонг Конг почна судењето на познатиот издавач и активист за демократија Џими Лаи заради наводно прекршување на контроверзниот закон за безбедност во градот.

Седумдесет и шестгодишната Лаи утринава се појави пред Окружниот суд во Западен Коулун, јавија хонгконшката „South China Morning Post (SCMP) и други медиуми.

Локалните медиуми објавија за долги редици луѓе пред судската зграда во надеж дека ќе добијат место на судењето.

Лаи е основач на продемократскиот хонгкошки весник „Епл дејли“, што беше принуден на затворање откако таблоидот беше цел на властите поради наводно прекршување на Законот за национална безбедност.

Лаи веќе е осуден на две затворски казни и три години веќе е во затвор. Доколку, како што се очекува, и сега во актуелниот судски процес биде прогласен за виновен, тој може да се соочи со доживотна затворска казна.

Законот за безбедност, наметнат од Пекинг во јуни 2020 година по масовните протести за поголема демократија во Хонг Конг, сериозно ги ограничува политичките права на опозицијата, како и на организациите за граѓански права. Законот ги таргетира активистите кои Пекинг ги смета за субверзивни, сепаратистички или терористички.

Во текот на изминатите три години, властите го користеа законот за безбедност и другите закони како изговор за кривично гонење на најмалку 28 новинари и активисти за слобода на печатот во Хонг Конг, наведуваат „Репортери без граници“ (РСФ).

Хонг Конг и беше вратен на Кина на 1 јули 1997 година, но се раководи според принципот „една земја, два системи“ со цел до 2047 година да му се даде на регионот висок степен на автономија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан