• четврток, 26 март 2026

Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја

Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја

Киев, 23 април 2025 (МИА) – Во украинскиот град Харков отворено е уште едно училиште под земја. Во Харков тоа е четврто училиште под земја, сместено во специјално изградено засолниште од радијација.

Училиштето е наменето за илјада ученици, а покрај училници има и кантина, сала за состаноци, простории за одмор и здравствена соба.

Од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина, во 182 училишта во Харков не се одржува настава под редовни услови поради руските напади, додека 130 училишта се уништени или оштетени.

Во Харков сега има околу 60.000 ученици, а 10.000 од нив посетуваат настава во училиштата лоцирани во метро станици и подземни засолништа. Другите следат настава преку интернет.

Градските власти најавија отворање на уште три подземни училишта до 1 септември, кога почнува новата учебна година. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан