• недела, 22 декември 2024

Во Франција утре почнува вакцинација за сите над 55-годишна возраст

Во Франција утре почнува вакцинација за сите над 55-годишна возраст
Париз, 11 април 2021 (МИА) - Вакцинацијата на сите граѓани на возраст од 55 години и повеќе ќе почне утре во Франција, изјави министерот за здравство Оливие Веран. Министерот објасни дека тоа ќе биде можно благодарение на две вакцини, на Астра Зенека, која „од утре може да ја примат сите Французи над 55 години без други болести“ и онаа на Џонсон и Џонсон - „за секој над 55-годишна возраст, без дополнителни услови“. Вакцината на Џонсон и Џонсон беше одобрена за употреба во Франција на 12 март. Министерот рече дека првата испорака ќе биде 200.000 дози. „Ние ги прошируваме вакцинациите“, додаде Веран во изјава за француски медиуми.

Остани поврзан