Во Франција првпат по Втора светска војна регистрирани повеќе починати од родени
- Франција првпат во 2025 година од завршувањето на Втора светска војна забележа повеќе починати отколку родени, со што се поткопува долгогодишната демографска предност во однос на другите земји-членки на Европска Унија
Париз, 14 јануари 2026 (МИА) – Франција првпат во 2025 година од завршувањето на Втора светска војна забележа повеќе починати отколку родени, со што се поткопува долгогодишната демографска предност во однос на другите земји-членки на Европска Унија.
Националниот институт за статистика (ИНСЕЕ) соопшти дека минатата година регистрирани 651.000 смртни случаи и 645.000 родени, чиј број е во пад од Ковид пандемија,
Стапката на фертилитет во 2025 година се намали на 1,56 деца по жена, што е најниско ниво од Првата светска војна.
И покрај зголемениот број смртни случаи отколку раѓања, бројот на жители на Франција се зголеми на 69,1 милиони минатата година благодарение на миграцијата. ИНСЕЕ проценува дека порастот од миграцијата е 176.000 лице.
Животниот век во Франција изнесува 85,9 години за жените и 80,3 за мажите, додека уделот на луѓето над 65 години се зголеми на 22 проценти. ми/ссм/
фото: МИА архива