• недела, 22 декември 2024

Во Франција нови 80 смртни случаи од Ковид-19, најнизок дневен биланс 

Во Франција нови 80 смртни случаи од Ковид-19, најнизок дневен биланс 

Париз, 9 мај 2020 (МИА) - Во Франција во последните 24 часа се регистрирани 80 смртни случаи, што е најнизок дневен биланс од почетокот на епидемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Иако ова е најнискиот број на смртни случаи од почетокот на април, сепак, вкупниот број од 1 март достигна 26 310.

Притисокот врз здравствениот систем и посебно врз одделенијата за реанимација продолжува да се намалува. Така, бројот на тешки случаи изнесува 2.812, кои се на интензивна нега, додека 22. 614 лица се на болничко лекување со дијагноза на Ковид-19. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан