• недела, 24 ноември 2024

Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога

Во Франција запленети 1,2 милиони евра, уапсени 15 осомничени за трговија со дрога

Марсеј, 9 ноември 2024 (МИА) – Обвинителството во Марсеј денеска потврди дека Одделот за борба против наркотици запленил 1,2 милиони евра скриени во комбе и оти по повеќемесечна истрага уапсени се 15 лица.

Полицијата постапила во рамки на истрагата за перење пари заработени од трговија со дрога, која обвинителството ја покрена во 2023 година.

Во рамките на таа истрага, во септември 2023 година веќе беа запленети 43 килограми кокаин и 50.550 евра, а против три лица беа покренати обвиненија.

Истражителите откриле „активен и профитабилен систем за собирање пари од трговија со дрога“.

Потврдено е дека неколку пати неделно во возила со специјално направени скриени прегради се вршеле трансфери на торби со неколку стотици илјади евра готовина. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан