• петок, 22 ноември 2024

Во Франција врвот на коронавирусот се очекува за десетина дена

Во Франција врвот на коронавирусот се очекува за десетина дена

Париз, 7 јануари 2022 (МИА) - Сегашниот бран на коронавирус во Франција може да го достигне својот врв за околу 10 дена, изјави професорот Ален Фишер, кој е одговорен за стратегијата за вакцинација во земјата.

„Мислам дека се приближуваме до врвот на овој нов бран“, изјави Фишер за телевизијата LCI, додавајќи дека врвот може да се случи „главно во раните втори две недели од јануари или за околу 10 дена“.

Вчера Франција објави 261.481 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е намалување од рекордните 332.000 во средата. Седумдневниот просек на новозаразени лица се искачи над 200.000 за првпат од почетокот на здравствената криза.

Француското Министерство за здравство, исто така, објави 204 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на повеќе од 125.000. паг/

Остани поврзан