Во Флорида заловен питон долг речиси шест метри
- Двајца ловци во Флорида фатија бурмански питон долг 5,71 метри, што е рекорд за американската сојузна држава богата со влекачи од сите видови

Вашингтон, 10 октомври 2020 (МИА) - Двајца ловци во Флорида фатија бурмански питон долг 5,71 метри, што е рекорд за американската сојузна држава богата со влекачи од сите видови.
Змијата, чиј вид е меѓу најголемите во светот, тешка е 47 килограми, наведе локалната Агенција за заштита на животната средина.
Питонот е заловен 60 километри источно од Мајами.
Бурманскиот питон на Флорида се смета за инванзивен вид, кој е донесен од Југоисточна Азија кон крајот на 20 век и во мочуриштата на националниот парк Еверглејдс, пронајде идеален екосистем за размножување. ми/